Култура

Праизведба на„ Торонто Експрес“ , вечерва во МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи праизведбата на претставата „ Торонто Експрес“. Работена според истоимените стрип -есеи на Зоран Спасов- Ѕоф, оваа мешавина од стенд ап комедија, монодрама и презентација, ја постави Јордан Симонов.Ова воедно е прв моно перформанс на актерот Александар Микиќ. Тој зборува за поделениот идентитет на нашите иселеници во Канада, и воопшто по светот. Низ дејствието имплицитно се одговара на прашањето, зошто заминуваат нашите граѓани во странство.

  • Почнувајќи од балканскиот менталитет и од односот на власта кон државата, казните кои не се спроведуваат. Од тоа како се однесуваме, до загадениот воздух, до сè. За некои работи сме поконкретни и подлабоки, а некои се само така пројдени.Ама во суштина „зборувам ќерко-сети се снао“, вели актерот Александар Микиќ, кој го игра ликот на Божо Вампир.
  • Онаа слика, онаа перцепција што ја имаат луѓево за тие таму е комплетно погрешна.Ние реално се обидовме да ја доловиме таа слика низ улогата на Микиќ, кој е поделена личност. Тој има 3-4 личности во себе, кои што водат внатрешна борба.Еден човек кога еднаш ќе ги подигне двата куфера, нема веќе никогаш да најде мир во животот, вели авторот на збирката есеи „ Торонто Експрес“, Зоран Спасов- Ѕоф.
  •  Нашава претстава е некаков хибрид. Експериментиравме, односно пробувавме да ги вклопиме разните стилови.Од типот , тргнувајќи од класична презентација, преку стенд ап. Тоа е еден модередн израз во последниве 5-6 години. И тука е монодрамата, неизбежна затоа што се наоѓаме во театар и го правиме тоа, вели режисерот Јордан Симонов.

На разработката на драматизацијата од есеите на Ѕоф , покрај останатите од екипата, беше вклучен и Благоја Бошковски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе