Вести Економија Свет

Тојота го продолжи намалувањето на производството во Јапонија

Најголемиот светски производител на автомобили соопшти дека неговите фабрики во Југоисточна Азија се соочуваат со прекини поради пандемијата.

Тојота, објави дека производството на електричниот автомобил Lexus UX 300e ќе биде засегнато од намалувањето на производството.

Компанијата соопшти дека загубата на производство поради неодамнешните прекини ќе изнесува вкупно 14.000 возила во декември.

Сепак, компанијата вели дека има за цел да се држи до својата годишна цел за глобално производство за годината што завршува на 31 март.

Во август, јапонскиот производител на автомобили ја намали прогнозата за глобално производство поради недостиг на компјутерски чипови.

Ривалите на Тојота како Џенерал Моторс, Форд, Нисан, Дајмлер, БМВ и Рено, исто така, мораа да го ограничат производството бидејќи се борат да обезбедат соодветни полупроводници.

Глобалната криза во синџирот на снабдување што ја погоди јапонската моторна индустрија влијае и на економијата на земјата како целина.

Јапонскиот извоз се зголеми за 9,4 отсто на годишно ниво до октомври, прекинувајќи ја седуммесечната серија на двоцифрен раст со што ова беше најбавниот раст во последните 8 месеци.

Испораките на автомобили претрпеа особено тежок удар за речиси 37 проценти во 2020 година во споредба со истото време.

Извозот на автомобили во двата најголеми трговски партнери на Јапонија, Кина и САД, е намален за речиси половина, покажуваат податоците на Министерството за финансии на Јапонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе