Економија

Тројца вицепремиери, петмина министри и директорот на Државни патишта го составуваат Комитетот за преговори за коридорите 8 и 10

Владата на денешната 127-ма седница седница ја разгледа и усвои Информацијата за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот  за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Македонија, по предлог на Министерството за транспорт и врски. За членови на Комитетот за преговори се определени првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и за економски прашања, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за животна средина, за труд и социјална политика, за економија, за транспорт и врски, Фатмир Бесими, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието на Република Северна Македонија со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија, информираат од Владата.На денешната 127-ма седница е разгледана и усвоена Информацијата за подготвителните активности за втората фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас до постигнување на договор за доделување на договорот за овој стратешки проект за гасификација на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе