До Регулаторната Комисија пристигнало и првото барање за зголемување на цената на струјата – од Електродистрибуција и тоа за 100 % – изјави во вечерашната Топ Тема, претседателот на Регулаторната Комисија, Марко Бислимовски. До крајот на неделава се очекуваат и барањата на ЕВН Хоум и МЕПСО. Цената на парното , пак, ќе зависи од цената на гасот што треба да го набави Макпетрол, а Бислимовски рече дека е уверен оти компанјата ќе осигура “многу поразумни цени“ од оние на дел од пазарот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.