Вести Економија Македонија

Петтиот тендер ќе открие по која цена ЕСМ ќе ја продава струјата  на ЕВН

ЕСМ утре, на петиот по ред распишан тендер на ЕВН Хоум, ќе достави понуда за целосно сто отстотно покривање на потрошувачката на струја на универзалниот снабдувач за првите шест месеци од 2022 година која е проектирана на околу 1.700 гигават часови.

Цената за мегават час која ќе биде поднудена ја утврди Владата на затворена седница и е за десетина отсто повисока од сегашната од 36,1 евро за мегават час односно нешто над 40 евра.

Дали оваа цена ќе ги покрие трошоците на производство останува отворено прашање бидејќи надлежните но и експертите укажуваа дека од 55 до 60 евра е цената за производство на мегават час струја.

А колку поскапа цена на струја ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи допрва ќе се утврдува. Од Владата лицитираат со бројки и најавуваат дека нема да биде поголема од 10 отсто.

Сепак Регулаторната комисија е таа што ќе пресече и ќе ја оформи цената за граѓаните. Регулаторите ќе ги признаат загубите во преносната мрежа кои се 11 отсто но истовремено најавија дека ќе ги намалат или укинат проифитите и маржите.

Во Регулаторна досега ниту една енергетска компнаија нема доставено барање за корекција на цената.

Од Државните електрани најавија дека се подготвени да ја покријат целосната потреба на ЕВН Хоум за снабдување на домачинстава и малите потрошувачи, односно 3.400 гигават часови струја а не не како досега 60 отсто од потребите и како што предвидува законот а тоа е со цел да се избегне ценовен шок, бидејќи останатите 40 отсто би биле по пониска цена од онаа на берзите.

Оваа најава се совпадна со најавата на министерот за економија Крешник Бектеши за дополнителна набавака на 15 милиони тони јаглен од Косово во наредните пет години со што би се обезбедиле резерви за непречено работење на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Во среда е планирано, по дванесет години пауза, повторно да почнат со производство на струја двата блока со капацитет од 180 мегавати во термоелектраната Неготино.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе