Вести Економија Македонија

Минимална плата од 300 евра после Нова Година, најавува Бектеши

-Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година. Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100% за четири години, колку што не е направено со години наназад, кажа министерот Крешник Бектеши во Топ тема на Телма и тврди дека стандардот на граѓаните расте.

Од друга страна пак владата заради стандардот на граѓаните одлучи да ги замрзне цените на ниво од 1-ви декември. Во првата група производи со замрзнати цени се лебот, брашното, месото и сувомеснатите производи, шеќерот и зејтинот, трајното млеко, сирењето и урдата. Се најавува иста постапка и за цените на оризот, јајцата и тестенините.

Опозицијата смета дека цените требало да се замрзнат многу порано пред да почне да скокаат.

Бизнис заедницата пак оцени дека ќе има негативно влијание од замрзнувањето на цени на крајни производи без да се ограничат цените на увозните суровини кои што се користат во производство на “замрзнатите” производи. Тој проблем може да се надмине со субвенции-порачуваат стопанствениците.

Од денеска почнува инспекциска проверка дали цените се замрзнати

Големо влијание врз цените има и непредвидливата цена на струјата која во значителна мерка учествува во креирањето на прехранбените производи.

Во однос на цената на струјата министерот Бектеши тврди дека не се очекуваат ценовни шокови, а одлуката за цената на електрична енергија произведена во државната ЕСМ се очекува да биде во интерес на домаќинствата и малите потрошувачи.

– ДДВ на струја нема да се зголеми, ги ставивме во функција сите капацитети за производство на електрична енергија во државата. РЕК Битола работи со два блока, ТЕЦ Осломеј е ставен целосно во функција, се подобруваат акумулациите, за десетина дена ќе биде во функција ТЕЦ Неготино,  веќе е набавен мазут, засилено се градат фотонапонски централи и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, кажа министерот Бектеши во своето гостување на Топ Тема на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе