Економија

Ковачевски: Очекуваме владата да донесе одлука за препорачана цена на електричната енергија

Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум и да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Ковачевски потврди дека одлучиле во 2022 година кон ЕВН Хоум да испорачуваат 100 проценти електрична енергија од домашно производство, наместо досегашниот минимум од 60 отсто.

Ги направивме сите подготовки за утврдување на цената на електричната енергија со план за производство, финансиски план и план за јавни набавки за 2022 година, со табела од цени доставени до Владата која пак треба да донесе одлука со препорачана цена за количините на електрична енергија кои што АД ЕСМ ќе ги испорачува на ЕВН Хоум како универзален снабдувач на енергија за малите потрошувачи и за домаќинствата. Ние како АД ЕСМ одлучивме наместо со минимум 60 отсто, во 2022 година кон ЕВН Хоум да испорачуваме 100 проценти енергија, и тоа ќе значи таа компанија нема да набавува дополнителни количества енергија, или со други зборови АД ЕСМ ќе остане чувар или стабилизатор на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година, истакна Ковачевски.

Ковачевски соопшти дека ТЕЦ Неготино ќе почне со работа до крајот на декември и ќе работи до април. ЕСМ очекува по испораката на 38 илјади тони мазут ТЕЦ Неготино да произведува електрична енергија до средината на идниот месец, а потоа во јануари ќе се набават дополнителни количини за да производството на електрична енергија продолжи во наредните четири месеци.

Ковачевски најави и дека до крајот на месецов во функција ќе биде ставен и трансформаторот на третиот блок на РЕК Битола што беше опожарен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе