Економија Најважни

Замрзнување на цени пред зимската празнична сезона

Цените скокаа, но 9 производи во претстојниот зимски празничен период ќе останат замрзнати. Одлуката владата ја носи денеска, иако граѓаните со месеци го забележуваат растот на цените.

Најскапите производи со замрзнати цени ќе бидат сувомесните производи како што се пршути од илјада денари за кило, сирењата и свежото месо. Замрзнувањето ќе ја сопре цената на зејтинот под 100 денари, а трајното тетрапак млеко околу 50 денари.

Лебот кој веќе забележа раст на цената помеѓу 5 и десет денари исто ќе биде на листата артикли со замрзнати цени.

На листата недостасуваат рибите и призводи од риба или интегралното брашно, а нема ниту зеленчук, овошје, зимница и здрава храна.

Објаснувањето на владата е дека ќе бидат гарантирани цените исклучиво на основните прехранбени производи.

Следејќи ја економската состојба предизвикана од здравствената криза на КОВИД-19 и енергетската криза во светот, како и потрошувачката моќ на граѓаните во Република Северна Македонија, се оцени за потребно да се ограничат цените на слободниот пазар единствено на примарните прехранбени производи кои се доминантни производи за конзумирање, соопштија од таму.

Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник, контролата ќе ја преземе Пазарната инспекција за да проверува дали трговците се држат до цените од почетокот на месецот. Тоа ќе се проверува врз основа на евиденцијата која трговците се задолжени да ја водат за цените, ни рече директорката на пазарниот инспекторат Анета Симовска.

Целта е да се сопре инфлацијата на основните производи, а мерката ќе трае до 31-ви јануари. Доколку другите цени продолжат да растат- мерката може да се продолжи и наредните месеци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе