Дел од компаниите од автомобилската индустрија во зоните во државава почувствуваа последици од намалувањето на продажбата на автомобили во октомври годинава и затворањето на производствените капацитети на големите производители, а дел не, вели директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Деспотовски посочи дека бројот на вработени во зоните е доста стабилен и во 2021 година и додаде дека очекува минимално зголемување на крајот на годината во однос на 2020 година и да се движи на ниво од околу 14.000.