Занаетчиите од пекарската индустрија бараат кесите за пакување на леб и бурек да не се наплаќаат.
Тие велат дека укинувањето на пластичните кеси и замената со хартиени кои ги нема и се дефицитани може многу лошо да влијае врз пекарите и бурекџилниците и да доведе до затворање на многу пекарски бизнис, алармира занаетчиската комора .
Дополнителен проблем е и регистрацијата на продадените кеси што финансиски ќе им наштети на малите пекарници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.