Годишната инфлација во еврозоната достигна рекордно високо ниво од 4,9 отсто во ноември, поттикната од растот на цените на енергијата, покажува првата месечна проценка објавена денеска од Евростат.
Европската статистичка служба нема регистрирано таква вредност од почетокот на своите проценки, утврдени пред повеќе од 20 години. Во октомври, инфлацијата во 19-те земји кои ја воведоа единствената валута повторно достигна историски највисоко ниво од 4,1 отсто на годишна основа.
Како и другите земји и региони, еврозоната, која ги вклучува Франција и Германија, е погодена од големи зголемувања на цените како резултат на економското закрепнување од пандемијата на Ковид-19 и блокирањето на синџирите на снабдување.