Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги коригираа свечените изјави со уставното име на државата. Рокот беше до денес и ги доставија до Државниот инспекторат за локална самоуправа. Но, сега пак непотпишани останаа изјавите на СДСМ и колацијата „Најдоброто за мојата општина“. Деветмината опозициски советници најавија дека денеска ќе испратат известување до инспекторатот, а во кое ќе наведат зошто нивните изјави не се потпишани.
Нашата советничка група согласно добиеното решение смета дека свечените изјави со уставното име треба да бидат потпишани на седница на Совет на Општина Штип, односно конститутивната седница да биде повторена, како што впрочем и е наведено во решението, вели Маријана Рогожарска-Поповска, координатор на советничка група СДСМ.
Координаторката на советничката група, Рогожарска Поповска вели дека одлуките како понатаму ќе дејствуваат во Советот ќе зависат од мислењето што ќе го добијат од инспекторатот за локална самоуправа. Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов на став е дека мнозинството направило отстапка за да не се блокира работата на општината.
Викторија Димитрова Јованова