Економија

Славевски: Ова се првите сигнали за проблеми со ликвидноста

Високофреквентните показатели за движењето на економијата во третиот квартал не се охрабрувачки, смета универзитетскиот професор Трајко Славевски. Во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма Славевски оцени дека ова се првите сигнали за проблеми со ликвидноста, бидејќи континуираното зголемување на цените го забрзува синџирот на неликвидност во економијата, што е сериозно прашање особено ако се земе во предвид и тековната енергетска криза.

Мислам дека проблемот не е само резултат на некоја глобална или светска криза, тој е подеднакво и домашен проблем. Се сеќавам дека до пред 4,5 години структурата на домашната потрошувачка, од аспект на изворите домашни и увозни, беше околу 70 проценти од домашни и 30 од странски извори. Ние дојдовме во ситуација, по испадот на двата блока на РЕК Битола, да немаме воопшто домашно производство. Проблемот е фактот што веќе во голема мера зависиме од увоз. Кога зависите од увоз, во една релативно сиромашна земја со ниско ниво на развиеност, морате да водите сметка за зачувување на домашното производство. Второто е што кога набавувате од денес за утре, плаќате многу висока цена, рече Славевски.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Кован Деспотовски рече дека државата во моментов има механизми на располагање за да го ублажи ценовниот удар врз граѓаните. Од друга страна, според него, е и флексибилноста на Регулаторната комисија за енергетика.

Граѓаните се еден сегмент каде што државата треба да помогне, втор е деловната заедница, каде што државата може да работи со компаниите и третиот сегмент, кој не треба да го заборавиме, е дека кризата нема да си оди брзо. Тоа значи дека се очекува стабилизирање на цената некаде кон крајот на 2022, но стабилизирање на кое ниво? Пристапот кој што го имаме сега како влада, е фокусирање на инвестиции, особено во енергетскиот сектор, рече Деспотовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд полноќ нови цени на горивата

Дејан Дејан

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

Дејан Дејан

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе