Вести Македонија

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени авионски во петок

Предавањето  на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол, најдоцна во петок, информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето  на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави на својот Фејсбук профил Османи.

Османи, посочува дека останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, и дека јавноста исто така ќе биде информирана навремено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе