Интензивен приказ на елитните војници кои имаат една од најопасните работи во светот: деминирање на бомби и експлозивни направи, во жарот на борбата.
Во филмот кој доби Оскар за најдобар филм, најдобра режија и сценарио- режисерката Кетрин Бигелоу ја доловува зависноста на деминерите од ризикот поради што и семејствата ги оставаат во втор план.
Главниот лик наредник Вилијам Џејмс (го глуми Џејмс Ренер-номинација за Оскар) живее само да се соочи со смртта на бојното поле во Ирак. Во обид човекот да ја победи бомбата.
Во филмот со свои впечатливи епизодни улоги се истакнуваат и Ралф Фајнс, Гај Пирс. Ентони Меки.
Кратка содржина:
Кога новиот наредник, Џејмс, презема високо обучен тим за отстранување бомби среде насилен конфликт, тој ги изненадува своите двајца подредени, Санборн и Елдриџ, со тоа што непромислено ги втурнува во смртоносна игра на урбана борба, однесувајќи се како да е рамнодушен кон смртта. Додека мажите се борат да го контролираат својот див нов водач, градот експлодира во хаос, а вистинскиот карактер на Џејмс се открива на начин што ќе го промени секој човек засекогаш.