Вести Македонија Топ тема

Богоевски за Топ Тема: Ме испровоцира обидот на сопственикот на “Беса Транс” преку религијата да се ослободи од одговорност

Вчера сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави статус во кој вели дека несреќата била тест од Алах и дека патниците му биле како фамилија, а во Истанбул биле заедно четири дена.

Овој статус го коментираше поранешниот пратеник, Павле Богоевски, дека несреќата е тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.

,,Тоа што ме испровоцира е дека сопственикот на “Беса Транс” се обиде преку религијата да се ослободи од одговорност прикажувајќи ја несреќата како тест на Алах.

Мора да правиме разлика меѓу религиска одговорност и кривична одговорност односно државна одговорност која треба да биде утврдена од страна на државата, изјави за Топ Тема за Телма поранешниот пратеник Павле Богоевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Како Судскиот совет санкционира судии? 04.07.2025

Дејан Дејан

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе