Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 и пол година затвор, а останатите беа осудени на условни казни.
Во соопштението на Основен суд се наведува дека ги отфрлиле жалбите на обвинетите. Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7-ми и 10-ти јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар.
Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи уривање на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.