Вести Економија

Алармантна е состојбата со набавката на електрична енергија предупредуваат од Стопанската комора

Алармантна е состојбата со набавката на електрична енергија за компаниите, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија, поради што отпочнаа  постапка за  регистрација на сопствена компанија за трговија со струја.

Од таму велат дека на ваков чекор се принудени поради вртоглавиот раст на цените на светскит берзи и  во услови кога лиценцираните трговци им нудат нови договори со неколкукратно повисоки цени.

Сега  членките на Стопанската комора се мобилизираат како со здружени сили да го решат проблемот и посочуваат  дека целта нема да биде создавање профит туку да им се помогне на стопанствениците да имаат сигурност при набваката на електрична енергија во услови на криза.

 -Има големи компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, но не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако имаат пари и можат да ја платат, рече  Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Од Комората очекуваа  дека според договреното со енергетските власти, ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија  преку набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и рестартирање на ТЕЦ Неготино, но велат работите споро се придвижуваат а сосотјбата е ургентна.

-Како што гледаме, слаби се шансите за набавка на јаглен, и тоа се покажа тешко за обезбедување, пред се од Грција каде се затворени тие капацитети веќе подолго време, поради обврските за екологија кон ЕУ. За да проработи ТЕЦ Неготино, пак, потребен е долг период на подготовка, а состојбите се ургентни“, вели Пешев.

Од Стопанската комора исто така, на денешната прес конференција предупредија дека компаниите нема да издражат локдаун поради коронавирусот, ниту отсуство на вработените, па  за да не трпи процесот на производство, препорачаа  што помасовна вакцинација.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе