Вести Македонија

Сослушан сопственикот на Беса транс, бугарските обвинители ги подигнаа ДНК профилите за идентификација, без одговор како избувнал пожарот и дали патот придонел за несреќата

ДНК профилите за идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата Беса Транс и Министерството за транспорт, денеска се предадени на бугарските обвинители, од страна на Јавното обвинителство за РС Македонија.

Државниот јавен обвинител Љубимир Јовески, на заедничка прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан.

-Веќе од утре двајца наши експерти од Судска медицина ќе заминат за Софија со цел забрзување на постапката за идентификација и предавање на телата на нивните семејства, рече Јовески.

Во скопското обвинителство е отворен предмет за Беса Транс и податоците што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ги користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.

-Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од компанијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвинителството ќе отвори постапка, изјави Јовески.

Истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров, изрази сочувство за семејствата на жртвите и посочи дека блиската меѓусебна соработка, постојана комуникација и постојаната деноноќна работа од моментот на несреќата до сега, овозможиле за брзо време да се дојде до солидни резултати и можност за брза идентификација.

Петров, посочи дека се работи на сите верзии кои не се отфрлени, но бидејќи несреќата е голема и се собираат многу докази, во ваква ситуација истрагата треба да продолжи и не може да се даде дефинитивна верзија за причините за несреќата. Сопственикот е сослушан, но тој не може да биде обвинет за сообраќајната несреќа.

-Сопственикот на фирмата е сослушан во раните часови. Со него интензивно се соработува на територија на Северна Македонија и тој е достапен на надлежните институции, изјави Петров.

-Сопственикот не може да биде обвинет бидејќи тој не бил возач на автобусот. Тој за конкретната несреќа не мода да биде обвинет, изјави бугарскиот заменик окружен обвинител Бисер Михајлов, нагласувајќи дека кога настанала сообраќајната несреќа, со загинати, „за жал, се бара причина која треба да се утврди и конкретна вина кај лице“.

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов изрази сочувство на роднините на жртвите и посочи дека координацијата меѓу судските и државните власти на двете земји и меѓусебната соработка е на високо ниво.

-Откако се случи несреќата, институциите постојано соработуваат и работата на расчистување на случајот. Ќе продолжиме со исто темпо и по ДНК анализата телата ќе бидат вратени во најбрз можен рок, изјави Михајлов.

Прашан дали патот и лошата сообраќајна сигнализација се можни причини за несреќата, Михајлов рече, дека откако ќе бидат завршени сите анализи и експертизи, тогаш ќе може да имаат конечен одговор дали лошата сигнализација е некаква причина за сообраќајната несреќа.

Петров, изрази уверување дека сите претпоставки и прашањата што се поставуваат во медиумите се проверуваат и дека моментално експертската служба за пожари работи и очекуваат да ги утврдат причините за избувнување на пожарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Дејан Дејан

Недостасуваат конзерватори во македонските музеи

Дејан Дејан

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот, ни никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе