Вести Економија Македонија

Целосен прекин на железничкиот сообраќај заради доцнењето на платите на вработените

Во целосен прекин веќе втор ден е железничкиот сообраќај во земјава.

Не сообраќаат ниту патничките, ниту товарните возови. Машиновозачите бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата за која велат имале ветување дека ќе ја добијат до 25-ти Ноември.

Тие протестираа  и на почетокот на месецов, затоа што им доцнеше  септемвриската плата.

-Тоа се случи и овој месец повторно. 25 беше во четвртокот , не ни се исплати вториот дел од октомвриската плата, со што машинскиот и извршниот персонал во 7 часот на 26 ноември престана да ги извршува своите работни обврски. Тоа ќе трае се додека не ни се исплати вторито дел од октомвриската плата. И во декември ако повторно се случи да не ни биде исплатена платата до 25, повтроно од 26 декември ќе има застој во железничкиот сообраќај, вели Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал во МЖ Транспорт

Од Синдикатот на машинскиот персонал во МЖ Транспорт велат дека досега немале средба со менаџментот на компанијата.

-Никој не не повика од раководните структури, да кажат да објаснат што е причината и зошто нема пари. Но, тоа нас не не интересира, ние сме тука за да работиме,  а тие се платени и донесени тука да ни обезбедат средства за работа, исправни локомотиви  и да ни најдат работа за да оствариме плата за сите во МЖ Транспорт, вели Чакаровски.

И покрај обидите, не успеавме да добиеме одговор од раководството  на МЖ Транспорт зошто доцнат  платите на вработените и кога ќе им биде исплатен вториот дел од октомврсиката плата, што е услов да запре протестот на машиновозачите и да се  нормализира железничкиот сообраќај.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе