Вести Македонија

Расте бројот на пријавени жртви на семејно насилство во Струмица

18 жртви на семејно насилство за неполна година побарале заштита во струмичкиот Шелтер за згрижување на жртви на родово базирано и семејно насилство.

Жени и нивните малолетни деца таму го нашле спасот од насилството на кое биле изложени во домот. Ги упатила полицијата, центарот за социјални работи или пак, познаници.

Од здружението Скај-плус, кое раководи со Шелтерот, велат дека  последнава година бројот на жртви е зголемен за 25%, поради што се размислува тој да биде регионален, дас е прошири опсегот на делување во целиот Југоисточен регион.

Најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 35 и 45 години, но не е мал бројот на регистрирани случаи и кај младите, па и адолесцентите.

Токму затоа млади волонтери денеска делеа материјали со информации за тоа што се претставува насилство, но и каде може да се пријави, поттикнувајќи ги на тој начин своите врсници да ги препознаваат и спречат ширењето на насилство.

Во знак на обележување на 16 денови активизам против родово-базираното и семејното насилство, зградата на општина Струмица викендов ќе светне во портокалова боја.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот – никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Дејан Дејан

Проект нема, ќе се изгради ли брзо, брзата пруга?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе