Виничката депонија кај селото Лески потворно се самозапали, чадот од запаленото ѓубре се шири низ вичничко и кочанско поле.
Први на удар се жителите на Лески, кои на само неколку метри се од депонијата.
Мештаните, меѓу кои и 84 годишната Ѓурѓа Дамјанов велат дека чадот и смредата не им дозволуваат да излезат надвор од куќите.
Виничката депонија, која е на ниво на ѓубриште е и регионален проблем. Еколошките здруженија, меѓу кои и кочанските преку петиција „Молиме за чист воздух и добро здравје“ бараат решавање на загадувањето.
Ѓубре, чад на сите страни, на одредени делови се гледа и огнот како се разгорува од силината на ветерот, вака изгледа депонијата. Со помош на градежна механизација се гаси, но Телма на депонијата го затекна и новиот градоначалник на Виница, заедно со претставникот на битолската фирма, која со помош на алги го има решено истиот проблем во Кочани, Охрид, Берово, Пробиштип, Свети Николе. На истиот начин се третира и депонијата во Белград.
Македонските депонии засега се еден од најголемите еколошки проблеми, најблиску до современ третман на отпадот се 18 општини од источниот и североисточен регион, кои ја очекуваа современата фабрика кај светниколското село Мечкуевци.
Викторија Јованова