Преку проектот „Зајакнување на локалните дописници за спречување дезинформации“ новинари од повеќе градови во државата ги усовршија своите вештини за мобилно новинарство.
Во обуката со професорот Хуго Перес, американски новинар и снимател имаа можност да се запознаат со спецификите на снимањето со мобилен телефон, додека монтажерот Борче Крстевски од ТВ Телма користејќи апликации за мобилен телефон ги објасни сите можности за монтажа.
Дописниците по оваа обука и практично ќе ги применуваат овие вештини известувајќи во живо од настани, но и во правење на ТВ и веб стории.
Проектот „Зајакнување на локалните дописници за спречување дезинформации“ ќе им даде можност на новинарите од локалните заедници и од главниот град Скопје да се запознаат користење на техники за мобилно новинарство и професионално известување за телевизија.
Mобилното новинарство е посебна техника која ќе припишува повисоко ниво на кредибилитет на вестите на ТВ, а исто така и на веб и социјалните медиуми. Овој начин на известување ќе придонесе и ТВ Телма да има повеќе информации и стории од другите градови и регионите во Северна Македонија и репортерите ќе добијат нови вештини и можности да работат како дописници.
Во изминатите неколку години има се помалку информации од локалните заедници и градови во Северна Македонија поради помалиот број на дописници. Сите традиционални медиуми го намалија бројот на нивните дописници и резултат на тоа се многу дезинформации и лажни вести, лошо новинарство и помалку истраги во другите делови на земјата во споредба со главниот град Скопје.
За тоа колкусе важни професионалните дописници беше очигледно за време на пандемијата и локални избори. Тие не можеа да покриваат ударни вести затоа што немаат опрема или има региони и градови без дописници воопшто.