Вести Македонија

Новинари од повеќе градови во државата ги усовршија своите вештини за мобилно новинарство

Преку проектот „Зајакнување на локалните дописници за спречување дезинформации“ новинари од повеќе градови во државата ги усовршија своите вештини за мобилно новинарство.

Во обуката со професорот Хуго Перес, американски новинар и снимател имаа можност да се запознаат со спецификите на снимањето со мобилен телефон, додека монтажерот Борче Крстевски од ТВ Телма користејќи апликации за мобилен телефон ги објасни сите можности за монтажа.

Дописниците по оваа обука и практично ќе ги применуваат овие вештини известувајќи во живо од настани, но и во правење на ТВ и веб стории.

Проектот „Зајакнување на локалните дописници за спречување дезинформации“  ќе им даде можност на новинарите од локалните заедници и од главниот град Скопје да се запознаат користење на техники за мобилно новинарство и професионално известување за телевизија.

Mобилното новинарство е посебна техника која ќе припишува повисоко ниво на кредибилитет на вестите на ТВ, а исто така и на веб и социјалните медиуми. Овој начин на известување ќе придонесе и ТВ Телма да има повеќе информации и стории од другите градови и регионите во Северна Македонија и репортерите ќе добијат нови вештини и можности да работат како дописници.

Во изминатите неколку години има се помалку информации од локалните заедници и градови во Северна Македонија поради помалиот број на дописници. Сите традиционални медиуми го намалија бројот на нивните дописници и резултат на тоа се многу дезинформации и лажни вести, лошо новинарство и помалку истраги во другите делови на земјата во споредба со главниот град Скопје.

За тоа колкусе важни професионалните дописници беше очигледно за време на пандемијата и локални избори. Тие не можеа да покриваат ударни вести затоа што немаат опрема или има региони и градови без дописници воопшто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе