Култура

Вработените во Театар Комедија против одлуката за разрешување на директорката Шакири-Марковиќ

Вработените во театарот Комедија се шокирани од денешното решение на Министерството за култура, со кое е разрешена в.д. директорката Нора Шакири, а на таа функција е поставена актерката Магдалена Ризова –Черних. Колективот на театарот не се согласува со одлуката, зашто , како што велат, поставен е  човек кој беше дел од претходната управа , која што беше разрешена заради неправилности во работењето и потрошени 12 милиони денари, кои не можеа да се покријат со одобрените сретства од министерството.

Кога театарот беше на колена, во долгови , без основни услови за работа, и нарушени меѓучовечки односи в.д. директорката што сега ја разрешува министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати театарот на вистински пат. Па, се јавува прашањето, дали некој со интенција пробува да го сруши театар Комедија и да го врати во агонија, во која што беше пред да се постави Нора Шакири за в.д. директор, вели актерката Жаклина Петровска.

Од Министерството за култура со одговор дека Шакири е разрешена поради спроведена дисциплинска постапка против вработен во изборен период, што е спротивно  на законот, за што добиле извештај од Државниот инспекторат за труд.

Во извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на Законот за спречување корупција и судир на интереси, на Изборниот законик и на Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен период, велат од култура.

Разрешената в.д. директорка вели дека спровела дисциплинска постапка зашто вработениот не се појавил на работа повеќе од три дена и дека за изречената мерка тој не се противел.

Во понеделникот дојде Трудова инспекција и при извршениот вонреден надзор констатира дека не можат да донесат инспекциска мерка. И дека предметот ќе биде препратен до Државната комисија за спречување корупција, вели Шакири-Марковиќ.

Телма ја контактираше и новоименуваната в.д. директорка Магдалена Ризова –Черних. Но, таа само кусо ни кажа дека не знае за новата функција и дека прв пат слуша од нас. Од Комедија бараат министерството да ја промени одлуката и до распишувањето конкурс за избор на директор, функцијата в.д. директор да ја врши  драматургот Дарко Спасов. Во спротивно, за барањето ќе покренат други правни механизми.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе