Пеце Матевски е поставен за прв човек на РЕК Битола, на позиција која досега ја извршуваше Златко Ќурчиевски.
Ваква одлука донесе Управниот одбор на АД ЕСМ. Тој досега беше директор на термоелектрани.
Инаку, во слободно време Матевски е хармоникаш во своја група во Битола.
Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.