Вести Македонија

Левица: Поднесена кривична пријава против Шкодране Дардишта од ДУИ

Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против членот на Одборот на директори на АД „Телеком“ предложен од влада, Шкодране Дардишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ – казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години, информираат од Левица.

„Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина.“ – соопшти Левица.

По пишувањето на спорниот ФБ статус, откако беше објавен списокот со 61 пратенички потпис за ново парламентарно мнозинство и во него стоеше:

-Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ќе ги смениме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него.

Од Дардишта се огради и нејзината партија ДУИ, а владата отвори постапка за утврдување на  одговорност според етичкиот кодекс додека Телеком кој што се огради од Дардишта и побара итна реакција од владата која ја предложила за член во УО на Телеком.

Дарлишта претходно била директор во Заеднички служби на Клинички центар, но и пратеник од ДУИ во период од месец и половина во 2014-та година по тогашните парламентарни избори.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе