Покуќнината, документите, парите, лековите… сѐ што имала Шемсие Абази, сѐ и изгорело во вчерашниот пожар, кој ги зафати бараките на улицата „Илинденска“’ во Гостивар. Огнот избувнал утрото додека спиеле, а неа ја спасил соседот, кој ја извадил надвор додека горел објектот.
По пожарот 8 семејства, претежно социјални случаи, останаа без кров над главата. Општината им нашла сместување на дел од нив, а некои се сместени кај роднини. Добиле помош од Црвениот крст и Народната кујна, но велат дека тоа е привремено решение, бараат помош од институциите.
Според првичните информации, огнот во бараките се појавил вчераутро околу 5 часот и брзо се раширил. Пожарникарите веднаш дејствувале, но поради стариот материјал од кој биле изградени, тие брзо изгореле. Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.
Данијела Билбилоска