Вести Македонија Најважни

Две деца на возраст од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во Битола

Две деца на возраст од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, на неколку стотини метри од Железничката станица во Битола. Двете деца се хоспиталзирани во Битолската болница, а за едното, кое е во потешка состојба,  се подготвува транспорт за Клиниките во Скопје. Нивната мајка која управувала со автомобил марка пежо минала со лесни повреди но не е хоспиталзирана.

Од полицијата велат  дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот, кога работна машина која се движела по пругатата во насока кон Железничката станица во Битола удрила во возило. Од таму засега нема официјални информации  како дошло до несреќата, но се се претпосотавува дека мајката со возилото во кое беа и двете деца, минала на спуштена рампа на железничкиот премин кај населбата Боримечак во Битола. Потоа автомобилот   бил  влечен  од локомотивата  неколку метри,а бетонскиот столб на кој е поставена едната  рампата е урнат

Овој премин денeска работи  само со една рампа, па возовите, локомотивите и други работни машини кои се движат по пругата,  запираат на преминот, вработените го регулираат сообраќајот, за да се избегнат вакви несреќи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе