Спорт Формула 1

Хамилтон славеше во Катар: Алонсо е возач на денот

Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Катар во Формула 1 шампионатот и го намали водството на Макс Ферстапен во генералниот пласман. Возач на денот беше ветеранот Фернандо Алонсо.

Возачот на Мерцедес водеше во текот на целата трка и без проблеми го чуваше своето водство до финишот. Возбудувањата беа зад него, а втор финишираше Макс Ферстапен иако возачот на Ред Бул мораше добро да се помачи, бидејќи пред стартот беше казнет со пет позиции и трката ја почна од седмото место. Фернандо Алонсо со болидот на Алпин заврши на третата позиција. Поранешниот светски шампион се искачи на победничкиот подиум за прв пат по цели седум години.

Поени освоија и Серхио Перез, Естебан Окон, Ленс Строл, потоа двајцата возачи на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклер, Ландо Норис и Себастијан Фетел.

Во генералниот пласман Ферстапен на врвот има 351,5 бодови, осум повеќе од Хамилтон. До крајот на сезоната остануваат уште две трки, а следната се вози во Саудиска Арабија на 5.декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе