Вести Економија Свет

На Кипар намалуваат за 10 отсто ДДВ на сметките за струја

Кипарските власти ќе го намалат за 10 отсто ДДВ на сметките за струја во домаќинствата за три месеци. Тоа е трета компензаторна мерка што ја применува Владата за поддршка на домаќинствата поради повисоките цени на струјата.

-Владата ја извести Европската комисија за нејзината намера да го намали ДДВ на сметките за електрична енергија во домаќинствата од 19 отсто на 9 отсто во период од три месеци, изјави министерот за финансии Константинос Петридис.

Со одлуката се надополнуваат веќе најавените две поволности за населението поради поскапувањето на струјата.

До февруари идната година има намалување на сметките за струја за 10 отсто за сите потрошувачи, кое трае 10 месеци. На почетокот на ноември, владата ја намали стапката на ДДВ на сметките на домаќинствата од ранливите социјални групи за 14 отсто – од 19 отсто на 5 отсто – за 6 месеци.

Новата мерка е во согласност со препораките на Европската комисија за привремени и насочени акции за поддршка поради поскапувањето на струјата, што ќе ја спречи опасноста од енергетска сиромаштија и нема да влијае на пазарот“, објасни Петридис.

Од јануари до октомври годинава цената на струјата на Кипар поэ аснала за 10,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе