Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да потпише договор со компанијата Киј Капитал околу продажбата на неспортските настани што би се одржувале на стадионот Сантијаго Бернабеу.
Првиот човек на Кралскиот клуб ја прифатил понудата да добие 400 милиони долари, сума што веднаш ќе биде исплатена со опција во иднина да се добие и процент од профитот од продадени влезници на настаните што ќе се одржат на стадионот. Сумата што ќе ја инкасира Реал Мадрид е половина од вкупниот долг на клубот и ќе има огромно значење во санирањето на лошата финансиска ситуација во која се наоѓа.
И покрај потписот на новиот со компанијата Кај Капитал со кои ќе се инкасираат 400 милиони евра, Реал Мадрид договорил подигање на кредите со кој на сметката на Кралскиот клуб ќе легнат 225 милиони евра со што вкупниот долг ќе се зголеми на милијарда евра.
Подигнувањето на новиот кредит бил покрепен со финансискиот план за претседателот Флорентино Перез кој очекува во текот на следната година тројно зголемување