По одржаната светска премиера во Италија, в петок во Националната опера и балет ќе се одржи македонската премиера на делото „Дрдорењата на Лапо“. Се работи за нова камерна опера, на музика од Џо Скитино, која се поставува кај нас на иницијатива на Италијанската амбасада.
Со изведбата на ова дело завршува „Неделата на италијанскиот јазик“, организирана во рамките на одбележувањето на 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери.
Операта е посветена на Данте Алигиери и на неговиот пријател Лапо Салтарели, исти така поет и значајна личност од тоа време. Тие биле современици, биле и врсници и пријатели. Имале и улоги во политичкиот живот во тоа време. И таа нивна политичка определба ќе доведе до нивно разделување, изјави италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.