Центарот за современи уметности – Скопје објави сатирично документарното видео „Камел Трофи Аеродром 2021“, кое е продуцирано со желба да се помогне на неколку илјади жители од општина Аеродром кои повеќе од четири години секојдневно газат прав и/или кал за да стигнат до своите домови во одредени делови на Аеродром особено околу улиците Владимир Комаров, Руди Чајавец и булеварот АСНОМ.
„Имено иако инвеститорите (овој пат нема да навлегуваме во квалитетот на дуповите и јавниот простор) уредно платиле комуналии кои изнесуваат и по неколку стотици илјади евра за уредување на базичната инфраструктура, општината Аеродром и после повеќе од 4 години ги нема уредено сервисните улички, пристапните патеки и паркинг површните иако тоа претставува нивна обврска за која граѓаните платиле и преку комуналиите и преку своите даноци. Се надеваме дека на овој начин преку ова сатирично видео ќе допреме до надлежните и на ваков несекојдневен начин ќе ги презентираме проблемите на грѓаните и ќе ги натераме надлежните да реагираат и да ги решат овие проблеми“, пбјаснуваат од Центарот за современи уметности – Скопје.
Од центарот се надеваат дека Камел трофи 2022 ќе се одржи на некое друго место и 4х4 рели полигоните во Аеродром ќе бидат заменети со оплеменети урбани површини.