По комплетирањето на вечерашните натпревари од квалификациите за пласман на Светскиот куп, македонската фудбалска репрезентација ги доби потенцијалните противници за полуфиналето од баражот за учество на шампионатот во Катар.
Меѓу најпосакуваните противници се селекциите на Шкотска и Велс, а статус на носители имаат уште последните два Европски шампиони Италија и Португалија како и репрезентациите на Русија и Шведска.
Во вториот сад каде што се наоѓа и селекцијата на Македонија се наоѓаат уште Турција, Полска Украина, Австрија и Чешка.
Жрепката за баражот за учество на Светското првенство ќе се одржи на 26 ноември, а решавачките дуели за пополнување на последните три места кои и следуваат на Европа ќе се играат на 24 и 25 март, а четири дена подоцна на програмата се финалните соочувања.
ФОТО: Игор Паневски