Спорт Фудбал

Канатларовски: Французите до победа по наша грешка

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година не успеаа да одолее на жестоката инцијатива на репрезентацијата на Франција и во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство што се одигра во Скопје доживеа пораз од 1:0.

“Примивме гол по наша грешка. Ако не згрешивме, можеби ќе имавме шанса за нешто повеќе. Франција е силна селекција, не прими гол ниту против Србија, ниту против Украина. Едно е да се надеваме, а друга е реалната состојба. Репрезентацијата на Франција е доминантна, не само во нашата група туку во овој циклус воопшто. Французите поседуваат еден огромен потенцијал и квалитет и играчи кои настапуваат во најсилните европски лиги. Играат по 90 минути, што, за жал, кај нашите фудбалери не е така и не се во подобар ритам, односно немаат минутажа на натпреварите”, изјави предводникот на националниот тим Драган Канатларовски.

По овој пораз нашата селекција ги загуби шансите да се бори за двете водечки позиции на табелата и селекторот Канатларовски најави дека на следните мечеви ќе им даде шанса и на играчите кои во следниот циклус треба да бидат носители на играта.

“Ни следи еден период и сигурно е дека ќе се потрудиме да направиме еден тренинг-камп и да биде селективен. Веќе во програмата на ФФМ е да биде веднаш по крајот на првенството во македонската лига каде основна група ќе биде 2002 година. Тука ќе вклучам и фудбалери од 2003 и 2004 година. Имаме потенцијал, но, сепак, ние сме финален производ и не зависиме од секојдневната наша работа, ние го црпиме најдоброто, меѓутоа силата ни е многу малку”, заврши Канатларовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе