Mалопродажните цени на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе се намалат за 1,50 денари, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за половина денар во однос на претходно.
Тоа значи дека од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари, Еуросупер БС-98 ќе се точи за 77 денари, а Еуродизел ќе се продава по цена од 68 денари по литар гориво.
Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за нешто повеќе од 4 проценти, додека кај дизелот зголемувањето изнесува 0,276 проценти.