Економија

Има пари за мебел и автомобили, нема за заштита на граѓаните од ценовниот шок, ВМРО-ДПМНЕ со остри критики за предлог буџетот

Со историски највисок буџет од 4,4 милијарди евра за трошење, владата ја води земјава во амбис. Нереален, неразвоен, со многу непродуктивни расходи. Има повеќе пари за сите институции и тоа за мебел, автомобили, а нема пари за да се заштитат граѓаните и стопанството од ценовниот шок од енергетската криза. ВМРО-ДПМНЕ со остри критики за предложениот буџет за догодина. Поднесени се вкупно 220 амандмани, од кои 194 се нивни. Велат ќе го поддржат, но ја повикуваат власта да ги прифати корекциите во трошењето на народните пари.

Во овој буџет Владата не предвидела средства за справување со последиците од енергетската криза. Ова е Буџет со висок буџетски дефицит од 4,3 проценти кои ќе донесе рекорден јавен долг од 65,9 проценти од БДП, со што во прашање се доведува фискалната одржливост, односно дали државата ќе може да си ги плаќа сопствените обврски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Бесими во одбрана на државната каса. Вели буџетот е развоен, има пари за справување со здравствената криза, но и за стабилизирање и забрзан раст на економијата. За редовни исплати, но и за  покачување на платите на судиите, обвинителите, културните, здравствените работници, инспекторите.

Предлог Буџетот за 2022 година предвидува, има четири основни цели. Продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението. Економско заздравување и забрзување на растот. Зголемување на инвестициите и во истовреме, консолидација. И непречено финансирање на основните функции на државата и поддршката на реформите во правосудството и евроатлантските интеграции, рече министерот Бесими.

Владата планира до година да собере од граѓаните и стопанството 3,8 милијарди евра, а да потроши 4,4 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,3 проценти или 545 милиони евра, а јавниот долг на рекордни 65,9 проценти од БДП. Дупката во државаната каса ќе се финансира со заеми од земјава и странство. За капитални инвестиции се планирани рекордни 615 милиони евра. Проектиран е раст на економијата  од 4,6  и инфалција од 2,4 проценти.

Според Деловникот комисиската расправа може да трае десет дена од кои пет  се за општа расправа, а останатите пет за поднесените амандмани. За пленарна расправа се одредени пет дена. Треба да се донесе до крајот на годината, но собранискиот спикер Талат Џафери очекува тој да биде изгласан до 5 декември.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе