Економија

Бензинот поефтинува за 1,50 денари, а дизелот поскапува за половина денар

Mалопродажните цени на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе се намалат за 1,50 денари, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за половина денар во однос на претходно.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари, Еуросупер БС-98 ќе се точи за 77 денари, а Еуродизел ќе се продава по цена од 68 денари по литар гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за нешто повеќе од 4 проценти, додека кај дизелот зголемувањето изнесува 0,276 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе