Temporada de Caza
Татко се обидува да го смири синот учејќи го како да ја почитува природата и луѓето.
Ернесто е угледен водич на ловци. Со своето ново семејство живее во Патагонија. По смртта на првата жена присилен е да се грижи за својот син Нахуел кој е во тинејџерски години, a кого го нема видено повеќе од 10 години.
Соочен со минатото кое го оставил зад себе, Ернесто има потешкотии да ги смири насилните испади на својот син. Во непријателската и дива средина, тие двајца можеби ќе успeат, наместо презир, да изградат однос базиран на почитување. При повторната средба ќе мора да се соочат со сопствeната способност, да убијат или да простат.