Култура

Објавен на македонски романот „ Циганин ама најубавиот“ од Кристијан Новак

Романот „ Циганин ама најубавиот“,  кој Хрватското друштво на писатели го прогласи за најдобро прозно дело во 2017 година, овенчано со наградата „ Ксавер Шандор Џалски“, а освои и други награди, е објавен на македонски јазик од издавачката куќа „ Готен“, во превод на Владимир Јанковски. Ова е трет роман на хрватскиот писател Кристијан Новак.

„Циганин, ама најубавиот“, е роман кој може да се чита како криминалистички роман, љубовна приказна, општествена критика, како и филозофско дело за тоа колку нештата навистина се такви какви што изгледаат.

Протагонистите сочинуваат интригантна галерија од ликови кои ги препознаваме од нашите стравови во секојдневието. Но, она што од овој роман прави неповторливо читателско искуство е мајсторскиот начин на кој тие се вклопени во приказната, потенцираат од издавачката куќа Готен.

Кристијан Новак (1979), е  писател, лингвист и универзитетски професор. Првиот роман „Обесените“ го објавил во 2005 година. Во 2013 следува „Црна мајка земја“, а во 2016 романот „Циганин, ама најубавиот“. Според „Циганин, ама најубавиот“ е направена театарска претстава, во продукција на Хрватскиот народен театар во Загреб, во адаптација на Ивор Мартиниќ, а во режија на Ивица Буљан. Новак е автор и на социолингвистичката студија „Повеќејазичноста и колективниот идентитет на Илирите“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе