Во Монтажна галерија (во паркот на Франкофонијата), в сабота (13.ноември), во 19 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Андреј Ѓоргиевски. Делата за тема го имаат прашањето на идентитетот и потребата за негово градење преку инклузивност.
Ѓоргиевски кој е на магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје , на изложбата ќе се претстави со 4 дигитални принтови на стакло, со големина 2 на 1 метар, со12 фотографии и скулптури.
Неговата изложба во Монтажна галерија ќе биде отворена до 16 ноември, со можност да биде продолжена за посетителите уште една седмица.