Прерано е да зборуваме за цената на електричната енергија, вели првиот човек на Регуалторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во вечерашната Топ Тема на Телма. Вели дека треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, за да не биде притисокот постојано врз ЕСМ.
Треба ЕСМ да има цена по која што ќе си ги покрива своите трошоци и врз основа на тоа да си го планира производството, а ЕВН хоум набавката. Доколку трошоците за набавка на електрична енергија, кои што се увозно зависни, се високи тогаш РКЕ ја разгледува опцијата за намалување или укинување на профитите на компаниите кои што ги регулира. Со нашите методологии гарантираме профит. Компаниите ако не ги следат нашите одлуки ќе си завршат во загуба, тоа си е нивен проблем. Во самата методологија е предвидено да се даде профит, тој профит за 2022 можно е целосно да се укине, или делумно, со цел да не се предизвикуваат ценовни шокови кај потрошувачите.