Култура

Филмот „ Вера го сонува морето“ победник на Токио филм фест

Филмот „ Вера го сонува морето“, работен како копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија“, победи на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. Во конкуренција меѓу 15 филмови од целиот свет, филмот ја освои гран при наградата на фестивалот.

Се работи за дебитантски филм на режисерката Калтрина Красниќи од Косово, работен по сценарио на Дорутина Баша. Македонија е вклучена во филмот преку  продукцијата „Дрим фектори“. Главната улога ја игра нашата актерка Теута Ајдини-Јегени, а учествува и Рефет Абази, во ликот на судијата Басри.

Филмот имаше светска премиера на годинашниот филмски фестивал во Венеција, каде освои две признанија од други институции- за автори под 40 години и за инклузивност.

„ Вера го сонува морето“, е остварување кое зборува за жена која по смртта на сопругот паѓа во вителот на непознати семејни настани, изнуда, корупција, манипулации, патријахални органичувања, со што е отсликан општествено- политичкиот амбиент, колку локално, толку и регионално.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе