Култура

Во Драмски театар нова комедија од Коле Ангеловски

Драмскиот театар во среда навечер ќе ја изведе премиерата на претставата „ Птица со главата меѓу нозе“. Се работи за нова комедија која Коле Ангеловски ја потпишува и како автор на текстот и како режисер.

  • „ Птица со главата меѓу нозе“, не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема брканици, смешни карактери, ова е приказна за она што ни се случува денес во Македонија, од пандемија, преку социјала, до политика…Приказна за тоа како било,  а како е денес. За тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни ситуации, а сето тоа погледано од еден позитивен и комичен агол, велат од Драмски театар.

Во претставата настапуваат дел од најдобрите актери од ансамблот на Драмски: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Калина Наумовска и Благица Димитровска.

Сценограф на претставата е Илина Ангеловска, костимограф е Раде Василев, а музиката е на Кокан Димушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе