Култура

Министерството за култура го продолжи рокот за 5 дена за пријавување проекти на конкурсите за 2022 година

Министерството за култура го продолжува рокот за поднесување пријави на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, по дејности и активности. Рокот за електронско поднесување на пријавите е продолжен до 11. ноември до 12 часот на пладне, наместо до утре на пладне, како што беше првично најавено. Од Министерството велат дека новиот начин на електронско аплицирање е причината за продолжување на рокот за апликантите.

  • Продолжувањето на рокот е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа, зашто електронското поднесување на пријавите за сите нас е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

Министерството за култура годинава за првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државата и во Скопје. Од почетокот на конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности, дополнуваат од ресорот Култура.

На 02.ноември од Министерството соопштија дека конкурсот завршува со затворање на електронската апликација на 06. ноември и апелираа апликантите да побрзаат , да се пријават во зададениот рок. Во соопштението стоеше дека само околу 600 апликанти се пријавиле од 4 октомври кога беа отворени конкурсите до тогаш.

На годишните конкурси на Министерството за култура за оваа 2021 година, лани учествуваа 4538 апликанти. Апликациите се поднесуваа во хартиена форма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе