Култура

„Вера го сонува морето“, филм за жените кои минуваат низ драматичните општествени промени на денешницата

Првото долгометражно остварување на Калтрина Красниќи, „ Вера  го сонува морето“, зборува за жена која по смртта на сопругот ќе се најде во вртлогот на  непознати семејни настани, манипулација, корупција, патријахални ограничувања. Ќрасниќи, која го снимаше филмот по сценарио на Дорутина Баша, вели дека најмногу ја инспирирал главниот лик.

 “Се работи за посебна генерација жени кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век. И тој профил на жена не ја носи само нејзината лична историја, туку и историјата на целото општество, поради возраста што ја претставува” – вели режисерката на филмот Калтрина Красниќи .

“Сфатив дека се работи за едно доста сериозно сценарио, каде што самата себе си се гледав, веднаш. Ми беше важно ликот на Вера да ми биде близок” – подвлече актерката Теута Ајдини-Јегени.

Покрај Јегени, во филмот игра и нашиот актер Рефет Абази. Неговата улога е прилог кон двојните аршини на однесување.

“Судијата Басри јас го гледам како јагула. Тоа е змија, ама не е змија. Ако е змија е во две бои, ако е јагула, е во повеќе бои” – потенцира Абази.

Филмот е подржан од нашата Агенција за филм. Монтажер е Владимир Павловски, тонски снимател e Игор Поповски, а дизајнер на звукот e Дарко Спасовски. Поради ограничувањата  со ковид кризата, премиера за јавноста нема наскоро.

“Сега за сега договорот е после Нова година, со надеж дека некои работи ќе се нормализираат со вирусот” – вели Огнен Антов од “Дрим Фектори” .

По освоените награди, за автори под 40 години и за инклузивност, во Венеција, екипата се надева и на нови зашто филмот за сега има покани за 16 други фестивали. А, следната проекција ќе биде на Солунскиот филмски фестивал, викендов.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе