Култура

Започнува 16 издание на фестивалот АКТО

Со перформанс во Македонска пошта, во 16 и 30 часот, кој произлезе од петдневната интердисциплинарна работилница, под наслов „Изгубено и најдено“ , реализирана под менторство на Томас Жишка и Драган Стојчевски од Чешка и  Филип Јовановски од Македонија, денеска започнува 16 издание на фестивалот за современи уметности – АКТО. Перформансот е реализиран во соработка со  „ Факултетот за работи што не се учат“ и фестивалот АКТО, а во него настапуваат студенти од факултетите за драмски уметности и ликовни уметности од Скопје и од Факултетот за драмски уметности од Прага.

Ова издание на фестивалот АКТО, носи наслов „ Современи (не)демократии. Го задржува критичко- уметничкиот пристап кон обработката на актуелните теми.  Програмата содржи перформанси, отворање на изложби и промоции на книги, а е распоредена да трае до 18 декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе