Вести Македонија

Полицајците го фатиле како краде во куќа, но тој успеал да удри ќотек и да ги повреди

Дваесетгодишен крадец во Велес успеал да обие куќа и да влезе во неа, но откако е пријавен на местото на кражбата стигнале двајца полицајци. Интервенцијата се случила синоќа во 22:30 на велешката улица Ѓ.Органџиев.

Тие го фатиле на дело, но пред да му стават лисици, тој ги нападнал и почнал да ги тепа. Полицајците го совладале и бил приведен.

По акцијата двајцата полицајци побарале помош во велешката болница. Оттаму за sdk.mk изјавиле дека полицајците по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување и имале полесни повреди, гребаници и модринки по лицето.

Полицајците биле на возраст од 20 и 25 години. Крадецот ќе одговара и за кражба, но и за напад врз овластени службени лица.

Извадок од билтенот на МВР:

На 29.10.2021 во 22,30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(20) од Велес, кој бил затекнат при вршење на кривично дело кражба во куќа на ул.“Ѓ.Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе