Македонија

Почнува зимското сметање на времето- ноќеска во три часот по полноќ часовникот се враќа еден час наназад

Почнува зимското сметање на времето. Ноќеска во три часот по полноќ часовникот се враќа еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври, и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4. март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, советот на унијата сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе